• Sat. Nov 23rd, 2024

Бесими – Се планира данок за екстра профит

ByВане Трајков

Dec 25, 2022
Нема враќање пари за инвестиции

Со стопанските комори се води дискусијата за нов, вонреден данок на екстра добивка, по примерот на европските земји, со што на оние компании кои имаат над 10 милиони евра приходи на годишно ниво, при што тоа е 20 отсто повеќе од четиригодишниот просек, дополнително да им се оданочат екстра приходите, рече министерот за финансии Фатмир Бесими во интервју на Радио Слободна Европа.

„Дискусијата што сега се води со коморите е во однос на посебен, нов вонреден данок, а тоа е данок на дополнителна екстра добивка, што значи дека по примерот на другите земји, како Велика Британија, Италија, Унгарија, Хрватска итн, значи дури има и директива, препорака од земјите членки на ЕУ, земјите да оценат и да го користат тоа во вид на солидарност. Тоа што ние сега го дискутираме со стопанските комори е дека во последните четири години они компаниите што имаат над 10 милиони евра приходи на годишно ниво и ќе се спореди нивната добивка во текот на 2022 година и делот што е остварен над 20 отсто во последните четири години, само тој дел ќе биде предмет на оданочување со овој нов данок, еднократен, само за 2022 година, и нема да се повтори. Годините каде што немаат остварено добивка не се земаат предвид за оданочување“, рече Бесими.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *