• Sat. Nov 23rd, 2024

БЕНЛИ ТАШ – Камен на плодноста

БЕНЛИ ТАШ – Камен на плодноста

Река од трактори полни луѓе денеска се движеа меѓу сртот на селата Дрвош и Иловица во општина Босилово. Тешкиот и непрооден пат не ги спречи да стигнат до нивната крајна дестинација Бенли Таш – каменот на плодноста.

Возобновени се обичаите и верувањата поврзани со ова место со цел популаризација на богатата традиција во погражденскиот регион. Во колективната меморија на жителите Бенли Таш е камен кој дава плодност на оние кои ќе минат низ неговиот отвор во форма на капија.

Прославата на Бенли Таш има и културно- уметнички карактер. За промоција на етно кулинарството и на музичкиот фолклор организаторите обезбедуваат посебна трпеза со стари специјалитети, а културно-уметничките друштва го оживеаја мелосот. Качамакот е посебна одлика на нашиот крај.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *