• Sun. Nov 24th, 2024

Бензинот и дизелот поскапуваат за 1,5 денари за литар

ByЃ. K.

Aug 14, 2023

Еуросупер БС 95 од полноќ ќе се продава за 86,5 денари за литар, а Еуросупер БС 98 за 88,5 денари што е зголемување од 1,5 денари за литар споредено со сè уште актуелната цена. Еуродизелот, исто така, поскапува за 1,5 денари за литар и од полноќ ќе чини 81 денар. За 1,5 денари за литар расте и цената на Екстра лесното масло за домаќинство – новата цена е 80,5 денари.

Од 15.8.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 88,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 81,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 80,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 46,592 (денари/килограм)

Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, потсетуваат од Регулаторната комисија.

By Ѓ. K.