Бензинот Еуросупер 98 втор ден по ред ќе поевтини за два денари по литар, одлучи Регулаторна комисија за енергетика.
Малопродажните цени на бензинот Еуросупер 95, Еуродизел, екстра лесното масло за домаќинство и на мазутот не се менуваат.
Според тоа, од полноќ цените на горивата ќе изнесуваат: Еуросупер – 95 93,50 (денари/литар), Еуросупер 98 94,00 (денари/литар), Еуродизел 93,00 (денари/литар), масло за горење екстра лесно 91,00 (денари/литар) и мазут 53,343 (денари/килограм).