Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за еден денар по литар, а цената на ЕУРОДИЗЕЛ и на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за еден денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 72 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС -98 ќе се продава за 74, ЕУРОДИЗЕЛ БС за 63, а Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) за 65 денари.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,599 и килограм ќе чини 39,780 денари.
Стари цени Нови цени
Од 21.09.2021 Од 28.09.2021
Дериват ден/лит ден/лит
ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 72,00
ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 74,00
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д– E V) 62,00 63,00
ЕКСТРА ЛЕСНО 1 (ЕЛ-1) 64,00 65,00
БИОДИЗЕЛ Б6 БС 63,00 64,00