• Sun. Nov 24th, 2024

Бензините поевтинуваат за половина денар, дизелот поскап за еден денар по литар

ByЃ. K.

Jan 15, 2024

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар за литар, а цената на дизел горивата се зголемува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши големување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,64 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 76,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 78,50, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 73,50, а Екстра лесното масло за горење ЕЛ-1) за 73,50 денари за литар. Со одлуката на РКЕ малопродажната цена на Мазутот М-1 НС ќе изнесува 41,941 денари.Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,387%, кај дизелот зголемување за 1,583%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 2,420% и кај мазутот зголемувањето е за 0,842%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка, потенцираат од РКЕ, е повисок за 0,419 проценти.

By Ѓ. K.