Два дена после терористичкиот напад во Брисел убиен е офицер за безбедност на нуклерната централа во белгискиот град Шарлроа, јавуваат локалните медиуми.
Медиумите додаваат, повикувајќи се на извори од полицијата, дека картичката за идентификација на убиениот е украдена.
Чуварот на нуклеарката е убиен во четвртокот навечер додека го шетал своето куче, а неговата картичка за влез е украдена, што ги алармирало иследувачите бидејќи бил запослен во нуклерата централа.
Медиумите порано јавиле дека бомбашите самоубици, браќата Ибрахим и Халид ел Бакрауи планирале напади на белгиските нуклеарни централи и дека апсењето на терористот Салах Абдеслам ги забрзало нивните планови.
Градот Шарлоа е одалечен околу 50 милометри од Брисел.
Браќата поставиле и скриена камера пред куќата на директорот на белгиската програма за нуклеарно истражување.
Снимката која трае „повеќе десетина часа“, а на која е забележано движењето на шефот на белгиската нуклеарна програма е заплената во текот на антитерористичката рација во станот на уште еден осомничен, кој и припаѓа на истата терористичка ќелија, Мухамед Бакалиј.
Според информациите на иследувачите, до кои дошол белгискиот дневник „Дернијер Ер“, браќата Ел Бакрауи биле еднинствените осомничени за поставувањето на камерите.
После анализите на видеото, иследувачите заклучиле дека цел на терористите била да се „загрози националната безбедност како никогаш порано“, наведува белгискиот лист.
Доказите до кои дошле властите покажуваат дека истата терористичка ќелија која стои зад нападите во Париз, во кои на 13 ноември беа убиени 130 луѓе, стои и зад бомбашките напади на аеродромот и метро станиците во Брисел во кои во вторникот беа убиени 31 лице, а 270 беа повредени.
Медиумите во вторникот, после нападите во Брисел, јавија дека истиот ден беше евакуирана нуклеарната централа Тианж, која се наоѓа во местото Уи, на саат време возење од белгискиот главен град.