Струмичките сино бели конечно забележаа победа во прволигашкото првенствено натпреварување. На гостувањето во Тетово, Беласица со головите на Јордан Серафимовски и Филип Ивановски славеше против Ренова со 2:0
Головите беа постигнати во второто полувреме откако, првите 45 минути поминаа во надмудрување на двете страни. Но во вторите 45 минути избраниците на Марјан Живковиќ беа далеку порасположени за победа и ја искористија шансата за победа
Со ова победа Беласица не е веќе на дното и се искачи две позиции погоре на прволигашката табела. Следното коло во среда дома се среќава со Шкупи.