Струмичка Беласица на стадионот Младост пред премиерот Зоран Заев славеше против велешки Борец за кого од трибините навиваше пак вицепремиерот Кочо Анѓушев. Дилемите околу дербито од 16 тото коло од Втората лига исток, беа решени уште во првото полувреме кога Горан Здравков од пенал го откри резултатот а поразот гостите си го зацврстија со автоголот од Кристијан Ефремов
Борец се покажаа незгоден противник иако истрчаа дури со шестмина младинци. Беласица одигра одлично во првото полувреме кога неколкупати ја погоди стативата но не ја затресоа мрежата на велешани но паднаа два гола. Струмичките сино бели вложија онолку колку што беше потребно за контрола на играта и резултатот за што добија аплауз од првите двајца владини гости Заев и Анѓушев
Аплауз синобелите добија и од навивачката група Ајдуци кои цело време ги бодреа и скандираа Беласица во прва лига. Сино белите се на добар пат кон елитата. Тие се лидери во источното друштво со пет бода повеке од штипска Брегалница.