ФК Беласица од синоќа е без тренер, откако клубот се реши да се раздели со досегашниот шеф на стручниот штаб, Васе Беќаров.
Струмичкиот тим е во серија од два порази по ред, а во последните пет меча има само една победа и токму слабите резултати беа причина за разделба.
Од клубот му се заблагодарија на Беќаров на досегашната соработката и му посакаа многу успеси во понатамошната кариера.