Утре се игра вонредното седмо првенствено коло од Првата фудбалска лига на Македонија во кое струмичките прволгиаши играат на свој терен. Лидерот Академија Пандев ја пречекува Ренова, додека Беласица игра со Шкупи. Дуелите се закажани во 15 часот и 30 минути. Пандевци ќе играат на стадионот Кукуш во Турново додека синобелите на Младост во Струмица
Академија Пандев, не треба да има поголеми проблеми со Ренова која по стартната победа во првото коло, во изминативе 6 меча немаат забележано славје. Но ова не смее да ги ,,опушти ,, пандевци кои мора да бидат претпазливи и максимално посветени на гипсарите кои знаат да изненадат на гостински терен и имаат квалитетни поединци
Интересно ќе биде на Младост. Беласица очигледно излезе од кризата. Врза две победи во Купот и првенствената во Тетово или четири меча се без пораз. Шкупи ќе им биде гостин кој има идентичен скор со струмичктие сино бели 1-2-3 но подобра гол разлика. Пулените на Живковиќ најавуваат победа со оглед дека веќе се кристализира ,,опасниот,, состав за прволигашките мечеви