• Sat. Nov 23rd, 2024

„Беласица мила сестро, догодина Прва лига’’ пееа Ајдуците откако сино белите обезбедија пласман во фудбалската елита

На две кола до крајот од првенството во Втората фудбалска лига исток, струмичките сино бели – Беласица ја заверија шампионската титула но и билетот ПРВОЛИГАШ.

Со победата над гевгелиски Кожув од 6:0, четата на Раде Цицмиловиќ успеа да направи недостижна предност пред остантите второлигаши во источното друштво и предвреме да слави

,,Беласица мила сестро догодина прва лига’’ пееа навивачите од групата Ајдуци кои беа постојано со струмичките сино бели како на домашен така и на гостински терен  и ја даваа најголемата подршка

Беласица во прволигашкото друштво  се враќа по  12 години пауза од македонската фудбалска елита каде ова сезона дебитираше Академија Пандев што значи дека догодина Струмица ќе има два прволигаши.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *