Во рамките на 27 коло од Првата фудбалска лига , струмичка Беласица претрпе пораз од Силекс на стадионот Младост и не успеа да ,,фати’’ чекор за опстанок во најелитното фудбалско натпреварување. Дуелот имаше огромно значење за двата тима но струмичките сино бели не успеа да ја искористат предноста од домашен терен. Не ги искористи шансите преку Стојанов по што казната стаса од Додев кој го донесе единствениот гол за победа на Силекс. Со овој пораз Беласица останува претпоследна на табелата а кратовчани направија голем чекор за избегнување на опасната зона
Академија Пандев освои бод на гостувањето кај Вардар. Дориев во 85 минута донесе 1:1 за останување во трката за втората позиција. Вардара не успеа да ги искористи шансите за победа.