Дербито од осмото коло од Втората фудбалска лига исток меѓу водечките екипи Беласица и Брегалница од Штип помина без победник. Заврши 1:1. Дуелот се одигра под рефлектори на стадионот Младост, што стана практика за струмичките сино бели. Ајдуците и во овој натпревар беа најголемата подршка на Беласица која имаше шанси да го добие и овој дуел. Со ова реми струмичките сино бели остануваат лидери во Втората лига исток без пораз.