Викендов се одиграа мечевите од 25 коло од Првата фудбалска лига на Македонија во кое струмичките сино бели конечно ја прекинаа лошата серија натпревари. По 9 првенствени кола без победа, Беласица конечно славеше и тоа во меч кој имаше огромно значење за опстанок во елитата. На стадионот Младост совладана е екипата на Шкупи со 2:0. Стрелци на головите беа Пепи Ѓоргиев и Душан Савиќ. Со ова победа синобелите направија исчекор повеќе за избегнување на дното од прволигашката табела.. Победа забележаа и фудбалерите на Академија Пандев. На теренот во Турново избрниците на Југослав Тренчовски ја скротија екипата на Ренова со 2:1. Стрелци на головите за пандевци беа Дориев и Стоилов од белата точка по еден пенал во двете полувремиња. Следното коло се игра во среда Беласица му гостува на Работнички додека Академија Пандев е домаќин на Шкендија