Двата струмички одбојкарски прволигаши Беласица и Академија Пандев во рамките на 14 коло од Првата фудбалска лига на Македонија претрпеа порази. Синобелите на Младост со 4:1, пандевци во Кратово со 1:0
Беласица по одличниот резултат во Скопје кај Вардар каде извлече реми 1:1, на свој терен доби ,,шлаканица,, од Македонија ГП која четири пати ја тресеше мрежата на Пашовски. Избраниците на Марјан Живковиќ правеа многу техички грешки кои ги користеа ,,лавовите,, и лавовски се изборија за победата преку Робсон Кировски со два гола и Миовски благодарение на недозволената грешка на чуварот на мрежата на Беласица
Пандевци пак не можеа да го надиграт фенерџијата Силекс во Кратово кој преку Георгиев забележа победа и освои значајни три бода за да го избегне дното од прволигашката табела
По ова 14 коло Шкендија е лидер, пандевци се на третата позиција а Беласица на последната
Еве ги головите на стадионот Младост меѓу Беласица и Македонија ГП