Струмичките синобели, фубалерите на Беласица направија вистинско изненадување на стадионот Младост . Славеа победа во 30. коло над лидерот тетовска Шкендија со 2:1.
Пепи Ѓоргиев стрелаше прецизно за водство на Беласциа кој со атоголот на Бејутлаи во второто полувреме дојде до водство од 2:0. Голот на тетовчани го постигна Шефити
Со овој триумф струмичани ги зачуваа шансите за опстанок во лигата и на шест кола до крајот на сезоната имаат само бод негатива во однос на Силекс и 5 бода од Македонија ЃП која е на седмата позиција.