• Fri. Nov 22nd, 2024

Банките имаат рок од еден месец да воведат апликации за да се намали интеракцијата

ЕКОНОМИЈА

Банките имаат рок од еден месец да воведат апликации за да се намали интеракцијата

Објавено пред 21 час – 18 април, 2020

ОдМакфакс

Владата го задолжи Министерство за финансии, а ѝ препорача на Народна банка во заедничка соработка да ја разгледаат можноста за изнаоѓање начини и подготовка на предлог – уредба со законска сила, во насока на задолжување на деловните банки во рок од еден месец да воведат нови финтек апликации со кои значително ќе се намали интеракцијата и бирократските процедури за граѓаните, како и за микро, мали и средни компании, пренесе Макфакс.

„Се задолжува Министерството за финансии, во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација да предвиди конкретни предлог – мерки со кои банките ќе можат да го стимулираат менувањето на навиките на граѓаните, ќе се софистицираат процесите и ќе се преиспита начинот на издавање на документацијата и на самата документација при барањата за кредитирање и исплати (поевтини токени, дигитални идентификација и сл.)“, стои во владиното соопштение.

Министерството за финансии има задолжение да подготви и за наредната седница на Владата да достави уредба со законска сила со која правно ќе се нормираат обврските на банките во поглед на обврската за носење на заштитна опрема на вработените лица и начинот на имплементирање, број на лица во објектите согласно квадратурата на објектот, одржување на редот во и пред објектите и др.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *