Екс фудбалерот на Академија Пандев Зоран Балдовалиев ги демантира пишувањата во одредени спортски портали дека се договорил со новиот прволигаш Беласица. Тој вели дека тој сеуште е слободен играч и нема склучено договор со ниту еден клуб.
Спортските портали минатата недела објавија дека ФК Беласица веќе ги договорил Балдовалиев и Милушев и следната сезона ќе бидат во дресот на новајлијата. Балдовалиев за ВИС СПОРТ истакна дека нема никаков договор и тој на пазарот е слободен играч и не сакаше да открие со кои клубови преговара за следната сезона
Инаку Зоран Балдовалиев потекнува од школата на ФК Беласица i и беше најефикасен стрелец за ,,пандевци,, во изминатата сезона. Зад себе има голема интернационална кариера.