• Sat. Nov 23rd, 2024

Асфалтирање на дел од регионалниот пат кон Пљачковица

Градоначалникот Герасим Конзулов денес беше во посета на Планината Плачковица каде што се одвиваат градежните работи околу реконструкцијата на регионалниот пат каде што денес се асфалтираше дел од трасата од 2,5 км. која е предвидена со овој проект за реконструкција и поставување на нов асфалтен слој.

Денес и покрај дождот кој што врнеше интензивно се одвиваа работите на оваа делница, каде што претходно се работеше на санација и поставување на цевки за опфаќање на водите кој го оштетуваа асфалтот.

Регионалниот пат кон планината Плачковица започна да се реконструира на делот од т.н. место Шумска куќичка кон градот Радовиш во должина од 2,5 км, каде што е констатирано најголемо оштетување и претставуваше проблем за нормално движење на возилата. Се надеваме дека во наредните години ќе успееме целосно да биде реконструиран овој регионален пат со поставување на нов асфалтен слој долж целата делница.

Овој проект за реконструкција е финансиски поддржан од Владата на Македонија, преку Агенцијата за државни патишта, а треба да се заврши до крајот на месец мај. – истакна Градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *