• Sat. Nov 23rd, 2024

Асфалтирана улицата Серменинска откако беше поставена атмосферска канализација

ByВане Трајков

Dec 25, 2022

Првиот човек на Гевгелија Сарамандов изврши увид на улицата „Серменинска“ во Гевгелија, каде течат градежните активности за асфалтирање на истата. По поставувањето на подземната инфраструктура – канализација за атмосферски води, улицата целосно ќе се реконструира и ќе добие нов лик, објави Сарамандов.

,, Во Гевгелија повеќе не се работи без надзор и со лош квалитет, нивелирани се сите шахти и сливници, со цел граѓаните да добијат квалитетна изведба на патната инфраструктура. Изградбата на атмосферска канализациона инфраструктура е со вкупна должина од 6.388 метри, на една третина од Гевгелија.Како и на почетокот од овој проект повторно сакам да упатам АПЕЛ до моите сограѓани за трпеливост, станува збор за проекти кои се од огромно значење за Гевгелија и решаваат децениски проблеми на сите нас. Градежните активности се одвиваат на повеќе места низ Гевгелија и во одредени моменти ќе го отежнуваат нормалното движење во сообраќајот,, напиша Сарамандов

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *