Астраионци забележаа значајна победа против тимот на Младост 09 од Богданци во мечот од 5 коло од Првата ракометна лига на Македонија. Славеа со резултат од 27:26 во меч кој имаше неизвесна завршница бидејки гостите од Богданци се заканија но немаа сила за пресврт и победа.
Пред околу 1000 посетители во спортската сала Парк, струмичани покажаа зрелост . Во текот на целиот меч диктираа игра и резултат во своја полза. На полувреме заминаа со плус четири – 15:11, предност која ја одржуваа се до 50 татата минута. По неколкуте технички грешки во нападот, во последните минути од натпреварот, гостите се вратија во игра и дојдоа до израмнување 25:25.
Но полетните струмичани не доволија изненадување и ја искористија предноста од играч повеќе на теренот по исклучувањето на најискусниот кај Младост 09 Митко Караиванов и направија серија од два гола за мирен финиш кога на голот беше стабилен и голманот Гогов
Кај Астрaион , Ончев постигна 7, Касапов и Стојанов по 5 гола, 4 реализираше Катранџиев а по двапати како стрелци се запиша Кочев, Стојанов и Беџовски. Голманите Гогов имаше 11 одбрани а Перовановиќ 5
Со ова победа струмичани остануваат во врвот во Групата 2 со реални шанси да играат во плеј офф завршницата