• Fri. Nov 22nd, 2024

Асоцијација на земјоделците: Се очекува поголемо производство на пченица

За преку 1000 хектарти се поголеми површините со пченица и се очекува зголемено производство на лебното зрно од околу 30 000 тони. Според оценките на Асоцијацијата на земјоделци на Македонија, со перманентно зголемување и на површините и на производството, реален е стремежот кон домашната пченица и да се намали влијанието од увозот.

Горан Томески, агроном од Агенцијата за поддршка на земјоделското производство потврдува дека за 10 до 15 насто се зголемени површините со пченица во Прилепско.

– Зголемени се површините, есенскиот род е во добра состојба и ако во мај и јуни се погодни временските услови, производството очекувано ќе се зголеми, вели Томески.

Перо Стојкоски, претседател на Асоцијацијата на земјоделци на Македонија оценува дека на ланското произиводство од околу 250 000 тони се очекува зголемен род. Голема улога има интервентниот фонд на Министерството за земјоделство.