• Fri. Nov 22nd, 2024

Аргентина повторно воведува карантин

Аргентинскиот претседател, Алберто Фернандез, изјави дека ќе ги заостри карантинските мерки во Буенос Аирес и периферијата од 1 јули поради зголемениот број случаи на заболени од коронавирус.

„Повторно ќе ја затвориме пошироката област на Буенос Аирес за да го намалиме ширењето на вирусот“, рече Фернандез, додавајќи дека од 1 јули граѓаните на таа област повторно ќе бидат ставени во карантин, а ќе им биде дозволено да излезат само по намирници.

Карантинот ќе биде на сила до 17 јули.

Карантинот беше воведен во главниот град на Аргентина на 20 март, а рестриктивните мерки постепено се олеснуваат во последните неколку недели.

Во Аргентина, со околу 44 милиони жители, бројот на заразени е 52.444, додека од вирусот починале 1.167 лица.

Фернандез рече дека Буенос Аирес со својата периферија, каде живеат 14 милиони жители, останува најзагрозената област.

извор: makfax

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *