Управата за јавни приходи ги потврди информации дека кон граѓаните се испраќаат СМС пораки со кои се бара да извршат задолжителна пријава на лажна веб страница – https: ujp-gov.mk/potvrda. Од оваа институција апелираат никако да не се отвора оваа лажна веб-страница, бидејќи се бара отркивање на многу важни лични податоци.
-Никако не ја отворајте оваа лажна веб-страница, бидејќи од вас се бара да пополните полиња со вашите лични податоци, податоци од платежна картичка и да прикачите слика од вашата лична карта – стои во соопштението од УЈП до граѓаните.
Од институцијата советуваат и дека споделувањето на личните податоци преку оваа лажна веб страница може да предизвика нивна злоупотреба.
-Веб страница е лажна, не e во сопственост на Управата за јавни приходи. Испраќачот на пораките се обидува да ги злоупотреби името и логото на УЈП и да ги доведе во заблуда граѓаните, да споделуваат лични податоци и на тој начин да се изложат на ризик и можна злоупотреба. Управата за јавни приходи ги презема сите неопходни активности за справување со оваа состојба – потенцираа од УЈП.