Џабир Дерала од ЦИВИЛ бара да се стави крај на расипништвото и повластиците кои ги уживаат функционерите. Тој бара ова да важи за поранешните претседатели,пратеници, односно да се редуцираат до ниво кое е прифатливо за една сиромашна земја.
Дерала посочува дека е бесмислено да се трошат огромни суми и оти функционерите мора да се откажат од луксузните автомобили, патните трошоци, скапите патувања, набавки на уметнички дела и сл.
Апанажите мора да се укинат или да се сведат на минимум.Во оваа земја социјалната помош му се укинува на примателот ако заработи екстра приход од собирање на пластични шишиња во вредност од 300 денари-нагласува Дерала