Вицепремиерот Кочо Анѓушев при вчерашната посета на рударскиот комплекс Бучим зборувајки за рударството како индустриска гранка подвлече дека Владата на Р.М. ќе ги подржува сите позитивни проекти кои ќе го задоволат стандардите на техничкото работење но и интересите и барањата на граѓаните. Ова изјава на вицепремиерот за економски прашања доага на четири дена пред референдумот во општина Босилово каде граѓаните ќе се изјаснвуаат дали се за или против отварање рудници за металични минерални суровини и дали се за продолжување со работа на рудникот Иловица-Штука. Тој истакна дека само со дијалог на сите страни може да се најде решение во услови кога граѓаните од југоистокот на референдуми се изјаснуваат за рудниците.
,,Владата на Р.М и понатаму ќе ги подржува сите позитивни проекти кои што ќе ги задоволуваат стандардите на техничкото работење но и барањата на граѓаните на Р.М. Мораме да ги земеме во предвид нивните интереси. Тоа може да се направи со едно заедничко работење на сите инволвирани во овие процеси и тоа може да се направи со еден интерактивен процес во кој што ќе бидат задоволени сите светски познати стандарди на чисти технологии на преработка на минерални суровини независно дали се неметали или метали,, рече Анѓушев.