• Sun. Nov 24th, 2024

АНКЕТА: Струмичани велат дека има поскапување на цените на прехранбените производи отакако се одмрзнаа

ByЃ. K.

Jul 5, 2023

Струмичани велат дека има поскапување на цените на основните производи.

Од 1 јули веќе не важи одлуката за ограничени цени на лебот, шеќерот, маслото, брашното, тестенините, оризот, млекото и млечните прозиводи. Тие се одмрзнаа и граѓаните велат дека експресно дел од нив благо поскапеле.

Владата на крајот на април одлучи да го продолжи ограничувањето на трговските маржи за основните прехранбени производи до 30 јуни. Од Министерството за економија пак велат дека состојбата се следи и дека засега домашните цени се стабилизирани.

Прилог на Ивана Вангелова

By Ѓ. K.