Македонскиот фудбалер Андреј Симевски беше еден од најдобрите играчи на струмичка Беласица и направи трансфер во Бугарија, објави порталот Гол
25-годишниот центарфор му се приклучи на тимот на Черноморец Бургас кој е меѓу најдобрите во третолигашкото друштво. „Ајкулите“ бараат голови, а Симевски со добрата игра во струмичани им се препорача.
Изминатата полусезона Симевски одигра 13 натпревари за Беласица на кои постигна седум гола. Низ минатото тој настапуваше и за Слога Виница, Осогово, Саса, Кит-Го, Детонит…