Кандидатот на Сдсм за Дојран, Анго Ангов со убедливо водство пред тројцата противкандидати. Според неофицијалните податоци, Ангов освоил 1253 гласови, наспроти досегашниот градоначалник од редовите на Вмро Дпмне, Борче Стамов за кого гласале 681 гласач, додека независните кандидати Тони Ајцев и Снежана Манева освоиле 79, односно 51 глас.