Рекреативни и забавни дисциплини од фудбал, кошарка, ракомет, одбојка. Преку овие игри се забавуваа младите василевчани заедно со своите родители, во рамките на проектот ,,Спортот и семејните вредности,, што го реализира Агенцијата за млади и спорт и општина Василево . Само со вакви проекти може да придонесеме кон зајакнување на семејните врски преку спортот и да придонесеме кон создавање на психофизички здрава и силна нација истакна директорот Марјан Спасески
Гадоначалникот на Василево Ванчо Стојанов се заблагодари на Агенцијата за млади и спорт што ја одбрале ова општина како дестинација за реализација на проектот кој ќе се придонесе за создавање на стабилни и силни врски помеѓу родителите и децата но и квалитетни идни спортисти
Проектот стартуваше во октомври и досега се реалзиираше во вкупно 4 општини а како што најавија од Агенцијата за млади и спорт истиот ке се реалзиира и во други локални самоуправи.