Компанијата за е-трговија „Амазон“ планира да вработи уште 75.000 луѓе на работни места од магационери до возачи на возила за испорака бидејќи онлајн-нарачките скокнаа поради пандемијата.
Американскиот гигант соопшти дека очекува зголемување на издатоците поради зголемувањето на платите на работниците за повеќе од 500 милиони американски долари за време на пандемијата во однос на претходната процена од 350 милиони долари, пренесува „Ројтерс“, објави Макфакс.
Најавата за новото вработување доаѓа кога „Амазон“ неодамна ангажира 100.000 магационери и работници за испорака поради наглиот пораст на побарувачката.
„Знаеме дека многу луѓе се економски погодени затоа што ги загубија своите работни места или беа испратени на принуден одмор од компании што работат во области, како што се угостителството и туризмот, како резултат на оваа криза. Сите се добредојдени да му се приклучат на ‘Амазон’ сè додека работите не се вратат во нормала и додека нивните поранешни работодавци не може да ги вратат на работа“, се вели во објавата на веб-страницата на „Амазон