• Fri. Nov 22nd, 2024

Алекс од Тиверија – тренер во проектот за развој на женскиот фудбал на ФФМ, повикани и 7 фудбалерки на струмичка Тиверија

ByВане Трајков

Apr 13, 2018

Овие денови на тренинг стадионот ,,Петар Милошоски’’ во Скопје, Фудбалската федерација на Македонија го реализира проектот за развој на женскиот фудбал.  Во овој проект активно ќе биде вклучена и капитенката на  ЖФК Тиверија  и координаторка на младинките – Александра Ристовска  која ќе биде задолжена како тренер на  младите женски фудбалски селекции

Поканата од ФФМ доаѓа имајки го во предвид фактот што Алекс од Тиверија  поседува УЕФА А лиценца и ги исполнува сите услови и критериурми  да работи со младите фудбалерки под капата на Федерацијата

Освен Ристовска во овој проект повикани се и фудбалерките на Тиверија- Радица Велкова (2004),  Александра Котева (2004),  Ефимија Цунева (2004), Симона Спасова (2004), Билјана Панеска (2005), Слаѓана Ѓоргиева (2006), Јована Јованова (2006). Сите тие ќе тренираат и полека се наметнуваат како сериозни кандидатки за облекување на дресот на македонската женска фудбалска репрезентација, каде активне се повеќе фудбалерки на струмичкиот клуб Тиверија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *