Младата пејачка Александра Јанева неделава го промовира својот најнов видеозапис за песната „Најмило мое“.Записот е едноставна видеоприказна со изразена експресија и неочекувани модни трансформации .Според пишувањето на Телеграф.мк спотот е снимен во Скопје со напредна 4К-резолуција во режија на Дарио Јанковиќ, а во соработка со познатиот струмичанец Драган Гоцев – „Студио Даци“ и „Уно тропико“. За струмичанката Јанева ова е трет видеозапис на нејзината десетта студиска песна. Од неодамна на официјалниот јутјуб-канал на младата пејачка Александра Јанева беа прикаченинови пет видеа со инструментални верзии на нејзините песни.
Еве го спотот …