Дефанзивецот Александар Ристевски во иднина нема да ги брани боите на Брера Струмица.
Неговиот договор истече и Ристевски е слободен играч во пресрет на преодниот рок. Тој беше еден од клучните одбранбени играчи за првиот тим на Брера кој го засили во јули минатата година, доаѓајки од таборот на штипска Брегалница.
Александар Ристевски за Брера одигра вкупно 28 првенствени меча, а против Тиквеш се запиша и во листата на стрелци.
Од клубот Брера му се заблагодарија за сѐ и му посакаа успеси во иднина.