До трети април нема да има летови кон Италија, а се прекинува и наставата и јавните собири. Ваква е одлуката на Албанија по информациите дека се шири корона вирусот во Северна Италија, а Милано е во изолација.
Премиерот Еди Рама на итната владина седница извести дека во текот на следниот месец ќе се затворени сите училишта во земјата и затоа се издвоени финансии.
Ваквите реакции се последица на првите регистрирани случаи на корона вирус во Албанија. Станува збор за татко и син кои се вратиле од Италија.