На 26.04.2019 година во 13,30 часот, од страна на патролен тим од Полициската станица за Гранична контрола и граничен надзор Стар Дојран, во реонот на с.Николиќ, на ГК 26/1, поради нелегално преминување на државната граница од Република Грција во Република Македонија, приведен е албанскиот државјанин А. Х. (26).
По извршениот разговор со лицето и извршените проверки во оперативните евиденции во 15,30 часот бил предаден на инспектор во Гевгелија за понатамошна постапка.