• Fri. Nov 22nd, 2024

Алаѓозовски: Министерството за култура нема да даде пари за субвенционираните песни

Министерството за култура, по добивањето на одлуките на МРТВ по објавен конкурс според Законот за поддршка на домашната музичка продукција, уште денес упати инспекциски надзор, којшто констатираше дека се длабоко пробиени роковите за носење на овие одлуки и согласно со тоа, овие одлуки треба да бидат поништени, изјави министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, на прес-конференција во Битола, пренесува Макфакс.

„Од страна на инспекцискиот надзор, раководството на МРТВ беше предупредено дека се соочува со кривична одговорност поради овие незаконски донесени одлуки, со кои се создава штета по буџетот и кои претставуваат злоупотреба и несовесно работење во службата. Исто така, раководството на МРТВ беше предупредено дека склучувањето  договори со авторите по овие одлуки ќе предизвика дополнително кршење на законот и нови основи за кривична одговорност“, рече министерот.

Алаѓозовски рече дека Министерството не само што ги оспорува овие одлуки и во никој случај нема да одобри исплата на средства за избраните композиции, туку дека почна да врши ретроактивна детална проверка на претходните конкурси, за кои има сознанија и индиции за крупни неправилности.

извор: makfax.com.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *