• Sat. Nov 23rd, 2024

Активно се работи на изградбата на речното корито на река Сушица во Радовиш

Активно се работи на изградбата на речното корито на река Сушица во Радовиш.  Со овој проект е планирано регулација на околу 630 метри од речното корито на реката.

Градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов смета дека овие зафати ќе значат многу не  само за општината, туку и за целиот струмички регион во кој се сливаат надојдените води. Конзулов изврши увид во работните активности.

Проектот започна да се реализира пред една година и се очекува да заврши за неколку месеци.

Станува збор за проект за прекугранична соработка со Република Бугарија, и еден од главните зафати е уредување на дел од коритото на река Сушица која само во последните десетина години се има излеано три пати.

Еден дел од активностите е насочен кон подигањето на свеста за климатските промени и последиците од нив.

Проектот е финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија и е вреден околу 588 илјади евра. Со свој дел од околу 192 000 евра учествува и општина Радовиш.

Во овој период како што истакна градоначалникот Конзулов во завршна фаза се уште неколку проекти во населените места, изградбата на повеќенаменско игралиште во подареш и изградба на неколку улици во Јаргулица, за некои се очекува отпочнување со реализација.  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *