• Sat. Nov 23rd, 2024

Активни 11.727 Ковид случаи, според надлежните, вакцинацијата е најдобра заштита

By

Feb 12, 2022

Активни се 11.727 ковид случаи во државава од кои најголем број 7081 се во Скопје.

Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје при направени 3.996 тестови, регистрирани се 1.348 нови случаи со ковид-19, 11 починати и 1 247 оздравени пациенти. Од вкупно 1.348 нови случаи регистрирани се 196 реинфекции.

Продолжуваат апелите на надлежните дека вакцинацијата останува најдобра заштита од ковид-19, особено од хоспитализација и смрт.

Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата достигна 284 875, бројот на оздравени пациенти е 264 443, а на починати 8 705.

извор:https://www.slobodenpecat.mk/aktivni-11-727-kovid-sluchai-spored-nadlezhnite-vakcinacijata-e-najdobra-zashtita/

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *