Во општина Василево, на потегот меѓу населените места Ангелци, Градашорци и Едрениково, во месноста Врчви од пред неколку часови, има активен пожар.
На лице место се припадниците на ТППЕ Струмица, кои работат на негово гасење и спречување на понатамошно ширење. Според информацијата од терен, опжарени се околу 5 ха, главно лозов насад во приватна сопственост и сува трева и грмушки. Пожарот, „потпомогнат“ од моменталниот ветер има тенденција за ширење кон населеното место Седларци.
„Штетите од несовесното однесување на поединци ќе ги трпиме сите. Јавната осуда за овој чин не е доволна и затоа ќе инсистирам на целосно расчистување на случајот и соодветна казна за сторителите. Апелирам до сите да се однесуваат крајно одговорно, бидејќи последиците можат да бидат несогледливи не само по имотите на граѓаните туку да бидат загрозени и човечки животи, нешто што никој од нас не сака да се случи“, стои во објавата на градоначалникот на Општина Василево, Славе Андонов.