Актерката Билјана Беличанец е пронајдена мртва во нејзиниот стан, потврди МВР. Смртта била пријавена од страна на член на семејството, доцна вечерва, нешто пред 23.00 часот.
Беличанец беше и градоначалничка на општина Кисела Вода.
Почина на 45 години. Мајка е на две деца.
Таа беше вработена во Драмскиот театар во Скопје од 1997 година.