Фудбалерите на Академија Пандев немаа среќа со победа да ја започнат Првата фудбалска лига на Македонија. На гостувањето во Скопје ремизираа со Шкупи кој во последната минута успеа да израмни на 1:1 и да се спаси од пораз од ,,пандевци,, кои денеска дебатираа во елитното фудбалско натпреварување.
До 77 минута беше без голови. Љупчо Дориев го постинга првиот прволигашки гол за Академијата и имаше водство од 1:0 се до последните секунди од натпреварот кога домакините преку Демири израмнија на 1:1.