Двата струмички прволигаши изборија пласман во полуфиналето од фудбалскииот КУП на Македонија каде место обезбедија и екипите на Победа и Македонија ЃП. Од овие четири екипи ќе биде новиот тим што ќе ја освои КУП титулата од новата фудбалкса сезона
Беласица и во возвратниот меч од четвртфиналето против кратовски Силекс славеше победа. По двата гола реализирани во првиот меч во Кратово, струмичките сино бели и на Младост славеа победа со 2:0. Стрелци на головите беа Милушев и Ѓеоргиев со што обезбедија место во Топ четворката од КУП натпреварувањето
И пандевци славеа во реванш четвртфиналниот меч против Кораб откако во Турново славеа со 3:1. На гостувањето кај второлигашот славеа со 6:1. Стрелци беа Миловановиќ, Крстовски, Јованов, Михаилов и Илиев
Двојките за полуфиналето допрва преку ждрепка ќе се знаат. Не се исклучува можноста двата струмички прволигаши Академија Пандев и Беласица да се најдат во едната полуфинална двојка или пак ќе наидат на Победа која го елиминираше шампионот Шкендија и тимот на Македонија ЃП кој го отфрли од ова натпреварување тимот на Работнички
Кој со кој ќе игра во полуфиналните двојки ќе се знае во петок кога ќе биде ждрепката