Нема да има струмичко финале во фудбалскиот КУП на Македонија. Место во завршницата обезбеди само Академија Пандев која и по вторпат славеше против прилепска Победа додека струмичка Беласица по вторпат претрпе пораз од Македонија ГП.
Денеска се одиграа реванш дуелите од КУПОТ. Пандевци во Кавадарци со 3:1 повторно ја надиграа Победа и си обезбедија историско финале во КУПОТ во сениорска конкуренција. Беласица пак не успеа да ја анулира негативата од еден гол од Младост и на гостувањето во Скопје претрпеа пораз од 1:0