• Sat. Nov 23rd, 2024

АВМУ: Да не се користат непроверени информации во известувањето за исчезнатата Вања

ByЃ. K.

Dec 1, 2023

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги повикува медиумите и медиумските работници, при известувањето за случајот поврзан со исчезнатото малолетно девојче од Скопје, да се придржуваат до највисоките професионални стандарди и етички вредности.

При објавување на содржините задолжително да се користат точни и проверени информации и да се користат кредибилни извори со цел да не се подгрева ситуацијата дополнително и да не се предизвикува страв и паника кај јавноста. Новинарите треба да бидат особено внимателни при преземање објави од социјални мрежи како и од други извори чија веродостојност не може да се утврди. 

„Професионалната одговорност на медиумите подразбира и почитување на личната болка на семејството, поради што личните и семејните детали треба да се изнесуваат особено  внимателно, со почитување на приватноста и достоинството и без сензационализам“, гласи реакцијата на АВМУ.

By Ѓ. K.