Општина Дојран доби позитивен одговор од страна на Центарот за меѓународна соработка и развој на Р. Словенија за финансирање на проектот “Унапредување на заштитата на споменикот на природата – Дојранско Езеро преку подобрен третман на отпадните води во Општина Дојран.” Од таа причина Словенија преку амбасадата во земјава ќе додели средства во висина од 1.300.000 евра за изградба на нова пречистителна станица.
,,Предлог проектот е позитивно оценет и ќе биде вклучен во Програмата за CMSR за имплементација на меѓународна развојна соработка за периодот 2023 – 2024 година. Со овие средства добиени од Словенската амбасада ќе се изградат и пречистителни станици во село Фурка и Црничани, како и изградба на канализационен систем во село Црничани,, објави градоначалникот на Дојран Анго Ангов