• Fri. Nov 22nd, 2024

Абдала II: “Тоа што терористите се насочуваат кон Европа – тоа е дел на турската политика”

By

Mar 26, 2016 #Свет

Јорданскиот крал Абдала II ибн Хусеин им рекол на американските конгресмени дека екстремистичките исламисти се адут на официјална Анкара во решавањето на проблемите на Блискиот Исток – објави Гардијан.

Британскиот лист тврди дека имале увид во стенограмот од тој разговор на јорданскиот монарх со раководителите на Конгресот на САД, меѓу кои бил и претседателот на комитетот на сенатот за оружени сили, Џон Мекејн.

Разговорот се одржал во Аман на 17 јануари, а Абдала на Американците им рекол дека турскиот претседател Реџеп Ердоган „верува дека проблемите во регионот можат да бидат решени преку методите на екстремниот ислам“.

Абдала подвлекол дека: „Тоа што терористите се насочуваат кон Европа – тоа е дел на турската политика. Турција и понатаму ја удараат по рацете заради тоа што излегува сува од вода“.

Монархот нагласил дека неговaта земја има намера да испрати една единица на комадоси во Либија, каде би учествувала во заедничките операции со британската Посебна воздушна служба.

Абдала додал дека заради борбата против терористичката групациа „Аш-Шабаб“ е спремен своите трупи да ги испрати заедно со британските во Сомалија и во Кенија. Тој нагласил дека таа групација е поврзана и со Ал Каеда и со Исламската држава.

Гардијан ги наведува и овие зборови на Абдала II: ”Проблемот е многу поширок од Исламската држава. Ова е трета светска војна”.

„Неименуван извор“ во Сенатот на САД потврдил за британскиот лист дека навистина дошло до средба помеѓу јорданскиот монарх и американските законодавци.

Јорданските амбасади во Лондон и Вашингтон засега не реагираат на зборовите кои Гардијан му ги препиша на нивниот монарх.

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *