Ланскиот шампион Џио Струмица забележа победа на гостувањето во Солун кај грчкиот прволигаш, Елпис Ампелокипон славеше со 3-1 (26-24, 25-27, 19-25, 21-25).
Според информациите доста квалитетен меч одиграле избраниците на Кире Ричлиев кој имаше можност да ги види и новите засилувања. Паралелно со овој пријателски меч се отвора можноста и за соработка со грчкиот прволигаш Елпис.
Овој викенд Џио Струмица ќе продолжи со нови контролни натпревари и тоа на домашен терен, гостуваат лидерите во албанското првенство, Ерзени од Драч.