Актуелниот првак екипата на Џио Струмица забележа нова победа. На гостувањето во Велес со 3:0 во сетови беше убедлив против ГОК ,, Борец’’ ( 25:08, 25:11 и 25:11). Четата на Кире Ричлиев како на тренинг ги поминаа велешани и ја забележија третата победа во првенството по триумфите без изгубен сет против „Универзитет во Тетово“ во гости и против „Вардар“ дома.
Со максимални 9 бода или три од три , струмичани се лидери во прволигашкото одбојкарско друштво. Во сабота тимот на Џио Струмица во салата Партизан во 13,30 часот ја пречекуваат Лирија која исто така има три победи и се наожа на втората позиција со вкупно 7 бода